Грозен гавран

Од Wikisource
Над мене грозен гавран лета,
во кљунот десна рака носи,
на неа златен прстен блеска,
т'гата страшна ме мачит.
Кажи, ој птицо, црна ти
каде ја најде таја рака?
Со овој прстен на мене познат
од најубав спомен драг?
Прозбори гавран, проклет и црн:
од Криволак се враќам јас.
Голема битка, битка таму стана,
на бој свидетел бев јас.
Таму се пушки биеја без број,
прелетав јас храбро, смел.
Гранати паѓат в' црната земја,
војнички тела ронеја.
Течете солзи во потоци,
з'шчо моето либе
лежи в' гроб осамотен,
не ќе се врати при мене.

Поврзано[уреди]