Гроздано моме убаво

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Гроздано моме убаво
најубав грозд во лозјето
кој ми те ерген погледнал
пијан си оди до гроба. [х2]
Твоите очи Гроздано
две црни зрна гроздови
дај ми ги да ги погледнам
слеп јас да одам до гроба. [х2]
Твојата уста Гроздано
ко медно вино црвено
дај ми ја да ја целивам
нем јас да одам до гроба. [х2]
Твојта снага мермерна
пастрмка риба Охридска
дај ми ја да ја прегрнам
сакат да одам до гроба. [х2]

Поврзано[уреди]