Прејди на содржината

Глупавите винари стеблевци

Од Wikisource
Глупавите винари стеблевци

од македонските народни приказни
Анегдота од дебарскиот регион.

Неколцина старци си иделе од на-вино. Доближиле до селото и му се сноќило, та легнале да спијет. Кога спиеле, ноќта станал еден од ними, и и турил мешнијата со вино и и наполнил со душа. Кога станале на утрото друѓите, виделе мешињата сѐ лесни и рекле:
— Сме се згујле спијеешчем; види, како мојме да и креваме мешињава; вчера не моевме да и креваме, а денеска, види дур кој и фрљаме!

Друѓите рекле:
— Не сме мије!

Еден рекол: — Ајде, ќа појда ја, аљ дошле винарите? Ако дошле, не сме мие; ако не дошле, мије сме.

Ошол, викнал во селото:
— Аљ дојдоје винарите?

Тије му рекле:
— Не дошле!

Тој ошол, се вратил и рекол:
— Мије сме.

Ошле в село. Залајле кучињата на ним. Тије рекле:
— Не сме мије — и фатиле да бегат.

Друѓите ги запреле и им велеле:
— Не, вие сфе, туку не бегајте!

Тије рекле:
— Да бевме мие, не лајее кучињата по нас — и побегнале.

Неколцина се збрале и се качиле на еден бор, а под борот имало могла. Тије рекле:
— Ај ќа скочиме одовде во волнана.

Еден скочил и с’ опрал и ’и разгалил зобите, а тије рекле:
— Му падна убаво, види кој се смеит!

После друѓите искочиле еден по еден и с’ опрале.

И сега тој бор је во Стеблео близу до христјансќите гробишча.



Ова дело е во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е непознат/народно творештво.