Гина, Гина лична Гина

Од Wikisource
Има едно згодно моме
во нашето мало место
едно моме многу лично,
многу лично, симпатично.
Гина, Гина лична Гина
Гина, Гина убавица,
Гина, Гина опа Гина
Гина, Гина убавица.
Снага има како вила
коса долга к'о примена,
очи црни черешови
веѓи морски пијавици.
Гина, Гина лична Гина
Гина, Гина убавица,
Гина, Гина опа Гина
Гина, Гина убавица.
Лице бело к'о синирче
устето ѝ к'о кутивче,
заби бели бисерови
штом се смее сонце грее.
Гина, Гина лична Гина
Гина, Гина убавица,
Гина, Гина опа Гина
Гина, Гина убавица.
Кога појде низ чаршија
старо младо се свртува,
да ја види лична Гина
наша Гина убавица.
Гина, Гина лична Гина
Гина, Гина убавица,
Гина, Гина опа Гина
Гина, Гина убавица.

Поврзано[уреди]