Прејди на содржината

Втора книга за царевите/ 7 глава

Од Wikisource

6 глава Втора книга за царевите
7 глава
од н.п.
8 глава
Текстот е базиран на македонскиот превод на Библијата од 1999 година.

  1 Тогаш Елисеј рече: „Чуј го Господовото слово: Господ вели вака: ‘Утре во ова доба при вратата на Самарија една мера чисто брашно ќе биде за сикал, а две мери јачмено брашно за сикал.”
  2 Дворјанецот, на чија рака се потпираше царот, му одговори на Божјиот човек: „И кога Господ би направил окна на небото, дали би можело да биде тоа?” А Елисеј одговори: „Ќе видиш со своите очи, но не ќе јадеш.”
  3 А пред градската врата беа четири проказани; тие си рекоа еден на друг: „Зошто стоиме тука и ја чекаме смртта?
  4 Ако одлучиме да влеземе во градот, гладта е во градот, та ќе умреме таму; ако останеме тука, пак ќе умреме. Ајде! Да избегаме и да преминеме во арамејскиот логор: ако нè остават во живот, ќе живееме; ако нè убијат, па добро: ќе умреме!”
  5 Во примрак, откако станаа, тргнаа оттаму во арамејскиот логор. Стигнаа до работ на логорот, и ете - таму немаше никој!
  6 Зашто Господ направи та во арамејскиот логор се чу шум од коли и коњи, врева на голема војска. И зборуваа меѓу себе: „Ете, царот на Израел ги наеми против нас хетитските цареви и египетските цареви за да тргнат против нас.”
  7 Се дигнаа и избегаа во примрак: ги оставија своите шатори, коњите и ослињата, сиот логор каков што беше. Побегнаа за да ја спасат жива главата.
  8 И така, кога проказаните дојдоа до работ на логорот, се вовлекоа во еден шатор. Откако се најадоа и напија, зедоа оттаму сребро, злато и облеки па отидоа да ги скријат. Тогаш се вратија па влегоа во друг шатор: зедоа плен од него, та отидоа и го скрија.
  9 Тогаш си рекоа еден на друг: „Не смееме да правиме така. Денешниот ден е полн со радосни вести, а ние молчиме. Ако го дочекаме утрото, ќе бидеме виновни. Затоа да тргнеме! Да му ја јавиме новоста на дворецот.”
10 И се вратија, ја повикаа градската стража и соопштија: „Отидовме во арамејскиот логор, а таму никаде немаше човек ни човечки глас; само коњите се врзани, и ослињата, а шаторите се оставени какви што се.”
11 Стражарите извикаа и соопштија во внатрешноста на дворецот.
12 Царот стана ноќе и им рече на своите придворници: „Јас ќе ви објаснам што ни направија Арамејците. Бидејќи знаат дека сме гладни, излегоа од логорот и се скрија во полето мислејќи: ‘Тие веќе ќе излезат од градот, а ние ќе ги фатиме живи, и ќе влеземе во градот.’”
13 А еден од неговите придворници одговори: „Сепак нека бидат земени пет од останатите коњи. Со нив ќе биде како со сето Израелево множество што остана тука. Да ги испратиме, па ќе видиме.”
14 И зедоа два колски коња, и царот испрати луѓе во арамејскиот логор, говорејќи: „Одете, извидете!”
15 Одеа по нив до Јордан; целиот пат беше покриен со облеки и со работи што Арамејците ги исфрлија при бегањето. Гласниците се вратија и го известија царот.
16 И народот излезе и почна да го ограбува арамејскиот логор: и мера чисто брашно беше за шекел, а две мери јачменово брашно за еден шекел според Господовото слово.
17 Царот го постави на градската врата оној дворјанец на чија рака се потпирал; а народот го изгази во вратата, и тој умре, според зборот што го рече Божјиот човек кога царот беше дојден кај него.
18 Се случи како што Божјиот човек му рече на царот: „Утре во ова доба при вратата на Самарија две мери јачменово брашно ќе бидат за шекел и мера чисто брашно за шекел.”
19 Дворјанецот му одговори на Елисеја: „Па Господ да направи и окна на небото, дали би можело да биде тоа што го велиш?” Елисеј му одговори: „Ќе видиш со своите очи, но нема да јадеш.”
20 И навистина, така му се случи: народот го изгази при вратата, та тој умре.

Поврзано

Надворешни врски


Ова дело е во јавен домен во земји каде авторските права се плус 70 или помалку.


It is not necessarily in the public domain in the United States if published from 1923 to 1977. For a US-applicable version, see {{PD-1996}}.

Public domainPublic domainfalsefalse