Во ноќта си месечина

Од Wikisource
Во ноќта си месечина,
во денот си светлина.
Како твојта убавина,
нема друга на светот.
Прво и прво, кога те видов
в' душа пламен се роди.
А од тогаш сè до сега,
кој сум, кај сум, не се знам.
Те сонувам, тебе љубам
и те сакам во срце.
Те милувам, тебе те љубам
и солзи си пролевам.
Ангел ли си од небото,
што си толку убава?
Со твојата слатка уста
да ми шепниш името.

Поврзано[уреди]