Војник одам

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
На пат тргам, војник одам јас
либе, многу далеку.
Татко, мајка, браќа и сестри
сите вас ве оставам.
Мило либе, ти не ме жали, не плачи
солзи не рони, радосно чекај ме.
Дојде време да си заминам
либе, многу далеку.
Со другари пат не чека нас
дури на граница.
Мило либе, ти не ме жали, не плачи
солзи не рони, радосно чекај ме.
Две години бргу ќе минат
либе, јас ќе се вратам.
Ќе ми бидеш лична невеста
моја ќе си до гроба.
Мило либе, ти не ме жали, не плачи
солзи не рони, радосно чекај ме.

Поврзано[уреди]