Прејди на содржината

Вила Неда вито оро

Од Wikisource
Вила Неда вито оро

од македонските народни песни
Велигденска македонска народна песна

Вила Неда вито оро
на планина, на рамнина.
Извила го на планина,
на планина, на рамнина
со нејзините другачки.
Другачки е завидое:
— Бласе тебе, бела Недо,
со твоето бело руво,
бело руво копринено!
Ал ти го татко купи?
Али ти го браќа шиле?
Али ти го мајка прела?
Али ти го снои ткале? —
Изговори бела Неда:
Нито ми го татко купил,
нито ми го браќа шиле,
нито ми го мајка прела,
нито ми го снои ткале.
Пречиста сум послушала,
Ристоса сум подржала,
Пречиста ме дарувала,
две кошули копринени.


Поврзано

[уреди]
Ова дело е во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е непознат/народно творештво.