Прејди на содржината

Весели гости весел абер донесле

Од Wikisource
Весели гости весел абер донесле

од македонските народни песни
Водичарска македонска народна песна

Домаќине, стомјанине,
ако спиеш, разбуди се,
ако пиеш, весели се!
Весели ти гости дошле,
одозгора, од планина,
весел абер ти донесле,
од твоето бело стадо:
сиви овци с’ изјагниле,
со јагнина калешати,
сите кози с’ искозиле,
со јарина брнушати;
кобилите с’ изжребиле,
со жребиња патошати.
Весели се, домаќине!


Поврзано

[уреди]
Ова дело е во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е непознат/народно творештво.