Прејди на содржината

Ѕвездо, т’нка и висока

Од Wikisource
Ѕвездо, т’нка и висока

од македонските народни песни
македонска народна песна

— Ѕвездо ле, ѕвездо, т’нка и висока
високо стоиш, далеку гледаш,
али и виде моите браќа? —
— Видох и видох, Ѕвездо девојко,
крај Црно море, на дробна песок,
на стол седее, пиле држее
и го ранее с бела пченица,
пак на пилето му говореа:
,,Расти, ни расти, пиле соколе,
ќа те пуштиме на наш вилает,
ти да ни видиш кое време е:
ако е време каде Митровден,
да ни донесеш две грутки снега;
ако е време каде Ѓурѓевден,
да ни донесеш две кисќи цвеќе;
две киски цвеќе и бел аргоан;
ако е време каде Петровден,
да ни донесеш два класа жито;
ако е време каде Крстовден,
да ни донесеш два грозда грозје.”


Поврзано

[уреди]
Ова дело е во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е непознат/народно творештво.