Закон за знамето на Република Македонија

Од Wikisource


Република Македонија

Назив Закон за знамето на Република Македонија
Година 1995
Службен весник Службен весник на РМ 47/95
Изгласан 5 октомври 1995
Објавен 6 октомври 1995
Законодавен орган Собрание на Македонија
Правен статус   ДаД во сила
Претходна регулатива Закон за знамето на Република Македонија (1992)
Следна регулатива нема
Викиизвор Викиизвор и авторите на статиите не преземаат одговорност за евентуалните грешки во текстовите.


Закон за знамето на Република Македонија

Член 1

        Со овој закон се утврдува знамето на Република Македонија.

Член 2

        Знамето на Република Македонија е црвено со златно- жолто сонце. Сонцето е со осум сончеви знаци кои се простираат од сончевиот диск со проширување до рабовите на знамето. Сончевите зраци се вкрстуваат по дијагонала, хоризонтала и вертикала. Дијаметарот на сончевиот диск е една седмина од должината на знамето. Центарот на сонцето се поклопува со точката во која се сечат дијагоналите на знамето. Односот на ширината и должината на знамето е еден спрема два.

Член 3

        Ликовно- графичкиот приказ на знамето на Република Македонија е составен дел на овој закон.

Член 4

        Со денот на влегувањето во сила на овој закон престанува да важи Законот за знамето на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” број 50/92).

Член 5

        Овој закон влегува во сила со денот на објавувањето во “Службен весник на Република Македонија”.

Знамето на Македонија
Знамето на Македонија

Извор