Услови за премин во унија со Римокатоличката црква

Од Wikisource
Услови за премин во унија со Римокатоличката црква

од Теодосиј Гологанов


Од свое име и од името на својата македонска паства, јас, долупотпишаниот Митрополит скопски Теодосиј, молам да се почитуваат следниве услови за премин во унија и канонско единство на православната паства во Македонија со Римокатоличката црква:

  1. Да се обнови стародревната Охридска архиепископија, која ќе биде во канонско единство со Римокатоличката црква, со непосреден благослов на Светиот Отец Папата;
  2. На чело на обновената Охридска архиепископија ќе бидам лично јас, Теодисиј, како автокефален поглавар на црквата;
  3. Другите луѓе од високиот клер (епископите, свештено-монасите и мирските свештеници) да бидат родум Македонци и назначувани од мене, како архиепископ, а епископите можат да бидат потврдувани од Вашата Светост;
  4. Границите на Архиепископијата да се поклопуваат со границите на Македонија, а поделбата на епархиите да се задржи сегашната;
  5. Старите унијати од Кукушко-полјанската и Струмичката епархија да се изделат од јурисдикцијата на унијатскиот архиепископ на Цариград, Н. Б, Нил Изворов и да се приклучат како епархии под моја јурисдикција;
  6. Католички мисионери, со исклучок на затечените во просветно-добротворните институции во Македонија, да не се доведуваат нови, а затечените да не се мешаат во внатрешниот црковнопросветен живот на Архиепископијата.

Ова се нашите барања за кои сметаме дека се оправдани и од кои не можеме да отстапиме во ништо. Се надеваме дека ќе бидат условени како такви и ќе се почитуваат секогаш и во сите времиња.

Теодосиј, Митрополит скопски