АСНОМ , документ 3

Од Wikisource
Прејди на: содржини, барај
О Д Л У К А
ЗА ОБЈАВУВАЊЕ НА ОДЛУКИТЕ И ПРОГЛАСИТЕ НА АНТИФАШИСТИЧКОТО ВЕЌЕ НА НАРОДНО ОСЛОБОДУВАЊЕ НА ЈУГОСЛАВИЈА, НЕГОВОТО ПРЕТСЕДАТЕЛСТВО И НА НАЦИОНАЛНИОТ КОМИТЕТ НА СРПСКИ, ХРВАТСКИ, СЛОВЕНЕЧКИ И МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК

15 јануари 1944 г.


Во духот на федеративниот принцип на изразување на Југославија врз основа на правото на самоопределување на националната рамноправност загарантирани на народите на Југославија со одлуките на Второто заседание на Антифашистичкото веќе на народното ослободување на Југославија од 29 и 30 ноември 1943 година Претседателството на Антифашистичкото веќе на народното ослободување на Југославија

ОДЛУЧИ:

1. Сите одлуки и прогласи на Антифашистичкото веќе на народното ослободување на Југославија и на неговото Претседателство, како врховна законодавна власт, и на Националниот комитет на ослободувањето на Југославија, како извршна и наредбодавна власт во Југославија, ќе се објавуваат како единствени во официјалните изданија на Антифашистичкото веќе на народното ослободување на Југославија и на Националниот комитет на ослободувањето на Југославија на српски, хрватски, словенечки и македонски јазик. Сите овие јазици се рамноправни на целата територија на Југославија.

2) Одделните земји веќа и нивните извршни оддели, како законодавни и извршни и наредбодавни органи на власта на одделните сојузни единици, ќе донесат соодветни одлуки во духот на горниот член и ќе ја спроведуваат во живот на својата територија оваа рамноправност според условите во својата земја.

3) Поради сегашните технички тешкотии Претседателството на Антифашистичкото веќе на народното ослободување на Југославија и на Националниот комитет на ослободувањето на Југославија во сите свои изданија ќе ги објавува своите одлуки на еден или друг од споменатите јазици, а земските веќа се задолжени да ги објавуваат на јазикот на своите народи.

Бр. 18

15 јануари 1944 г.


Антифашистичко веќе на народното ослободување на Југославија


Претседател,Д-р Иван Рибар, с.р
Секретар, Родољуб Чолаковиќ, с.р.